еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

За изборите во Тетово и Гостивар ќе има доплнително полициско присуство

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски за Радио Слободна Европа најави дека во Тетово и Гостивар за престојните претседателски и парламентарни избори ќе има дополнително полициско присуство.

Тој во интервјуто потсети и дека Владата не дозволи да биде сменет само началникот на СВР Тетово, кое ќе биде надлежно да се грижи за безбедноста и за фер и демократски избори за реонот Тетово, Гостивар и околината.

„Јас не го побарав само СВР Тетово, ги побарав и СВР Охрид, Битола, Велес, Куманово и сите останати. Прашањето е зошто Владата донесе таква одлука, само СВР Тетово да не биде дел од овој процес на фер и демократски избори.

Зошто Владата одлучи да го крши Законот за влада, а при тоа не даде никакво правно образложение. Сомнително е што СВР Тетово доби нов началник на неколку денови пред моето доаѓање на функција и Владата не дозволи да е сменет“, кажа тој меѓудругото.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Потребни се донации за тригодишниот Алексеј, за лекување во Турција

Редакција

Град Скопје за 10% ги зголеми платите на над 6.000 вработени

Редакција

Филипче нема информации за заболен политичар од корона вирус или некој од извршната власт

Редакција