Градоначалникот на Струга, кадар на владејачката ДУИ, Рамиз Мерко е повторно во фокусот на јавноста откако против него за само неколку дена е поднесено второ обвнине, овојпат за несовесно работење, односно незаконско поставување на директорка во училиште.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Уште едно обвинение за Рамиз Мерко
Претходно заработи обвинение за набавката на луксузното ауди, вредно 67 илјади евра, случај кој од скопскиот Кривичен суд е препратен во струшкиот Кривичен суд.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
По неколку години обвинение за Мерко за набавката на „аудито“ вредно 67 илјади евра
За Мерко, кој е и на „црната листа“ на САД изминативе години имало околу 30 случаи, а од нив 14 се се уште активни. Останатите застареле, а за тоа не одговараше никој.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Скопски Кривичен се прогласи за ненадлежен за обвинението за Мерко, го препрати во струшкиот Суд
Зошто Македонија не побара докази против Мерко од САД, кој шест месеци е на „црната листа“
Фото: Мерко/Фејсбук