еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

За четворица се бара притвор, за седуммина куќен притвор од новоосомничените за пожарот во Кочани

Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски, денеска на прес-конференција информираше дека од 19 новоосомничени за пожарот во т.н дискотека/кабаре „Пулс“ во Кочани, за четворица се бара затворски притвор, за седум куќен притвор комбиниран со забрана за комуникација, а за уште седум лица се предложени мерки на претпазливост.

Еден од новоосомничените, актуелниот амбасадор во Норвешка и Исланд, Дритон Кучи, не се наоѓа во Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е Дритон Кучи, поранешниот министер, кој е дел од новите 19 осомничени за пожарот во Кочани

Покрај оние за кои постои сомнение за директна одговорност, Коцевски вели дека се истражува и одговорноста на сите институции и службени лица чии постапки довеле да т.н. кабаре од самиот почеток до крајот да продолжи да работи, без воопшто да поседува законски услови.

„Покрај тројцата градоначалници на Кочани, Основното јавно обвинителство (ОЈО) дојде до основано сомнение и за тројца овластени градежни работници кои постапувале спротивно на своите надлежности и овластувања од Законот за градење и законот за инспекциски надзор и воопшто не извршиле никаква инспекциска контрола на објектот кој со години бил незаконски преименуван во угостителски објект“, кажа Коцевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Министерот Салиу доби 30-дневен притвор, за пожарот во Кочани

Од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), покрај директорот, поведена е истрага за уште три лица, кои порано биле на истата функција.

„Постои сомнение дека тие постапиле спротивно на нивната должност предвидена во Законот за заштита и спасување и Законот за инспекциски надзор и целосно ги запоставиле своите надлежности, не само по однос на овој клуб, туку и на останатите угостителски објекти низ државата“, рече Коцевски.

Ниту еднаш, кажа Коцевски, низ годините согласно ризиците кои постоеле и морале да ги имаат во предвид, не спровеле мерки на набљудување, следење и инспекциски надзор на објекти кои вршат угостителска дејност.

„Со своето неизвршување на должностите, спротивно на јавниот интерес, во целост го нарушиле системот за заштита и спасување и со тоа во континуитет ги изложиле граѓаните на опасност од непроверени и контролирани објекти, од аспект на исполнувањето на потребните законски услови за безбедност, заштита од пожари и опасност по нивното здравје и живот“, рече Коцевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Куќен притвор за екс министрите за економија Сарачини и Незири за пожарот во Кочани

Истрагата за пожарот во Кочани проширена за 19 лица, меѓу кои се и екс министри за економија, директори, инспектори: Детали од Обвинителство

Кој е Ваљон Сарачини, поранешниот министер, кој е дел од новите 19 осомничени за пожарот во Кочани

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Дали би ги вакцинирале вашите деца против Ковид-19?

Редакција

Промет од 666.000 евра со акциите на „Тетекс“ за осум месеци

Редакција

Две фирми на внукот на Ахмети добиле над 80 илјади евра од Фондот за иновации и технолошки развој

Редакција