еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

За што е осомничен поранешниот министер Бектеши

Поранешниот министер за економија Крешник Бектеши, поранешната државна секретарка во Министерството за економија, Размена Чекиќ-Дуровиќ и раководителот во истото министерство, Беким Хаџиу, се дел од лицата кои се осомничени во истрагата на Основното јавно обвинителство Кочани за пожарот во т.н. дискотека „Пулс“ во кој загинаа 59 лица, а 197 се повредени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сите детали за истрагата за трагедијата во Кочани: Опфатени се 27 физички и три правни лица

Сите тројца веќе добија и по 30 дневен притвор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

30 дена притвор за Бектеши и 12 други лица за трагедијата во Кочани

Од Обвинителството денеска објаснија дека сите тројца се веќе осомничени.

-Од Министерството за економија до овој момент осомничени се поранешен министер, но и поранешен државен секретар, раководител на сектор, раководител на одделение и помлад соработник, кои и во моментов работат во Министерството, но на други раководни позиции.

Сите тие со неизвршување на своите службени должности што биле правно должни да ги извршат, не постапиле според прописите и техничките правила за мерките за заштита и на осомниченото правно лице кое не ги исполнувало пропишаните услови и начин за вршење на угостителска дејност во повеќе наврати со лиценци му овозможиле вршење угостителска дејност – кабаре, кажаа од Обвинителството.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За што се осомничени тројцата градоначалници на Кочани

(Видео) Бектеши и Трајковски со полиција спроведени во Кочани

Чија е дискотеката во Кочани во која ни загинаа најмалку 59 лица

Фото: Бектеши/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Оздравени 227 пациенти од Ковид-19, во Скопје 102

Редакција

Температурен шок: Утре и задутре пролетни температури

Редакција

Успешна и профитабилна прва половина од годината за НЛБ Банка

Редакција