Украинскиот претседател Володимир Зеленски му пратил писмо на американскиот колега Доналд Трамп, во кое изразил подготвеност да преговара за мир во Украина и да го потпише договорот за минерали, кои САД ги бара од земјата во замена за досегашната помош.
Во писмото, како што откри Трамп, се наведува дека Украина е подготвена да седне на преговарачка маса што е можно поскоро за да се приближи до траен мир и дека никој не сака мир повеќе од Украинците.
Зеленски, исто така, напишал дека тој и неговиот тим се подготвени да работат под силно водство на Трамп за да се постигне траен мир.
Трамп во своето обраќање во американскиот Конгрес откри и дека имал сериозни разговори со Русија, од кои, како што рече, добил силни сигнали дека е подготвена за мир.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп ја стопираше воената помош за Украина
(Видео) Како би изгледала тепачка помеѓу Трамп и Зеленски
Сеир и реакции за јавното понижување на Зеленски од страна на Трамп на социјалните мрежи
Фото: Зеленски/Фејсбук