еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Знаењето на средношколците се послабо, за препишувачите блокатори

Просечната оценка која ја постигнаа средношколците на државната матура годинава е 3,25 и во споредба со минатите години, постои намалување – 3,65 во 2023 година, 3,78 во 2022 година и 3,61 во 2021 година, информираа денеска директорката на Државниот испитен центар, Билјана Михајловска и министерката за образование и наука, Весна Јаневска.

Поради препишувачите од следната година се предвидува полагањето на државната матура да се реализира во амфитеатрите и други простории на јавните факултети каде има блокатори и друга технологија која ќе оневозможи користење на комуникациски уреди за време на полагањето.

Михајловска информираше дека се откриени 49 ученици кои за време на решавањето на тестовите користеле мобилен телефон, додека 4 ученици се фатени како препишуваат решенија по претходно добиени одговори на поставените прашања.

„При оценувањето на тестовите, оценувачите детектирале 175 ученици кои препишувале на тестовите, како и 22 плагијати. На 268 ученици на кои им е изречена мерката поништување на испитот ќе можат повторно да полагаат во августовскиот испитен рок,“ изјави Михајловска.

Јаневска најави и измена на правилниците за полагање државна матура, од аспект на подигнување на одговорностите на лицата кои се вклучени во процесот.

„Мора да постојат санкции за набљудувачите, тестаторите и за сите они ги делат просториите со учениците што полагаат, а прават пропусти и жаргонски кажано – замижуваат пред некоректни активности од страна на учениците“, рече министерката.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Парите за машината за дишење на Искра собрани за помалку од 24 часа!

Редакција

Неделава стартува вакцинирање со трета доза и во Македонија

Редакција

Бројката на починати во пожарот во ковид-центарот во Тетово се зголеми на 14, првично нема медицински персонал меѓу загинатите, велат од Обвинителство

Редакција