еМагазин
Image default
Локално

ЗОО Скопје со кампања „Кажи СТОП за петарди и огномет“

ЗОО Скопје декември го посветува за зголемување на свеста за последиците од употребата на пиротехнички средства во овие денови на празнични прославувања.

„Ајде заедно да кажеме стоп за петардите и огнометите кои освен тоа што се опасна „играчка” за најмладите и може да дојде до страшни повреди, се погубни и за животинскиот свет,“ велат од ЗОО Скопје.

Од таму додаваат дека употребата на пиротехнички средства е опасна затоа штом илиони птици угинуваат од стрес, или исплашени ги напуштаат своите гнезда со малечки за кои потоа нема кој да се грижи и умираат од глад и дехидрација, кучињата и мачките може да доживеат огромен стрес или во најлош случај срцев удар од страв.

„Дивиот свет исто така страда. Бучавата и светлината ги вознемируваат до степен да може да настапи смрт, но и да ги напуштат своите малечки кои потоа страдаат.

Се создава загадување на воздухот преку испуштање на отровни хемикалии, но и загадување со бучава. Децата може да се повредат и да останат со ампутирани делови од телото. Кај возрасните луѓе со ПТСР (PTSD) поттикнува поголема анксиозност.

Силниот звук има огромно влијание кај дечиња со потешкии во развојот или пак со аутистичен спектар на нарушување, а празничниот период не треба да им носи трауми поради петардите И животните во ЗОО Скопје доживуваат голем стрес

Затоа апелираме сите заедно да се вклучиме во оваа кампања и оваа година рекордно да ја намалиме употребата на пиротехника,“ се додава во соопштението.

Од Скопје ЗОО се надеваат дека што повеќе училишта ќе се вклучат во заеднички активности, а како прва „задача“ за сите основци и средношколци предлагаат да бидат креативни и да направат цртежи на темата „Кажи стоп за петарди и огномет“.

„На крајот од месецот, пред Нова Година ќе направиме изложба со најдобрите цртежи во просторот на градината. Сите креативни граѓани може да изработат и да ни испратат и едукативни илустрации на [email protected] , кои потоа како постери ќе се најдат низ секое маало,“ велат од таму.

Промотивна објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кривична пријава против адвокатка од Куманово

Редакција

Негувателка во градинка во Велес на децата им давала да пушат електронска цигара, Обвинителството отвори предистрага

Редакција

Родител преку 112 побарал помош за синот, кој тргнал на Водно и не се јавувал

Редакција