еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Инвестиција од 100 милиони евра: Турската Шахтерм почна да гради фабрика во ТИРЗ Скопје

Денеска во Технолошко индустриската развојна зона (ТИРЗ) Скопје турската компанија Шахтерм ја стартуваше изградбата на својата фабрика.

Објектот ќе се протега на 13.000 метри квадратни, планирани се 1.000 вработувања, а инвестицијата е 100 милиони евра.

Инвестиција опфаќа и центар за истражување и развој, а ќе биде прв производствен капацитет на Шахтерм надвор од Турција.

Компанијата Шахтерм има повеќе од 40 години искуство во дизајн и производство на системи за греење за бела техника и апарати за домаќинство, а во моментот е дел од водечките пет компании во оваа дејност на глобално ниво, со повеќе од половина од годишното производство наменето за пазарите надвор од Турција.

Компанијата работи со познати светски производители на бела техника и апарати за домаќинство како: „Вирпул“, „Амика“, „Горење“, „Беко“ и „Канди“.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Русија стана петта земја во светот по бројот на заразени од коронавирусот

Редакција

(ВИДЕО) Вo Њујорк почна судењето против Ел Чапо кој го водеше најголемиот наркокартел во светот

Редакција

Груевски и во затвор ќе зема пратеничка плата и ќе му тече работниот стаж

Редакција