еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Исамедин Лимани и Александар Камбовски избрани за нови членови на Судскиот совет

Нови членови на Судскиот совет се врховниот судија Исамедин Лимани и судијата Александар Камбовски од Апелациониот суд Битола.

Како што информираа од Судскиот совет, за Лимани гласале седум судии, а неговата противкандидатка судијката, Цветанка Периќ, која се повлече од „трката“, добила два гласа.

За изборот на член на Судскиот совет од редот на врховните судии гласале вкупно 15 судии. Две ливчиња биле неважечки, а четири не биле искористени.

Камбовски од Апелациониот суд Битола пак освоил 28 гласа. Неговата противкандидатка судијката Татјана Суслеска од Апелациониот суд Битола добила 10 гласа, а судијката Александра Поп Стефанија од Основниот суд Охрид, три гласа.

За избори за член на Судскиот совет од редот на апелационото подрачје Битола гласале вкупно 42 судии. Регистрирано е едно неважечко ливче и едно неупотребено гласачко ливче.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавил судијата Исамедин Лимани, кој е избран за член на Судскиот совет

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Познати причините за смртта на Вања и Панче, нема да бидат објавени јавно

Редакција

Од „Жан Митрев“ добивме 560 досиеја за пациенти кои биле третирани со хемофилтрација, потребно е време за анализа, вели Сали

Редакција

МОН ќе ја брише ДУИ од учебникот по албански јазик за петто одделение

Редакција