Обвинителите Искра Хаџи Василева и Фатон Азизи од Основното јавно обвинителство, се прераспоредени во Основното јавно обвинителството за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) .
Од Обвинителството информираа дека тие се прераспределени таму за да го зајакнат капацитетот на ОЈО ГОКК.
Обвинителите Хаџи Василева и Азизи ќе продолжат да застапуваат дел од предметите по кои постапувале до сега.
Фото: Унсплеш
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.