еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Какво лето не очекува: Прогноза на УХМР

Анализата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) покажува дека со голема веројатност се очекува дека летото 2024 ќе биде топло и сушно.

Според анализите за целиот југоисточен регион на Европа, се очекува летните температури да достигнат натпросечни вредности.

За територијата на Македонија постои многу голема веројатност за надминување на температурите од многугодишните просечни вредности и до 3°C.

Најголемото позитивно отстапување на температурата на воздухот од повеќегодишните просеци за оваа сезона се очекува да биде во месец јули.

– Несигурноста кај регионалните прогнозирања за врнежите е секогаш поголема во однос на температурата. Ако се набљудува медитеранскиот регион, тогаш нема јасен сигнал за врнежите и можеме да кажеме дека ќе бидат просечни.

Но, доколку се ограничиме на регионот на југоисточна Европа, тогаш локалните фактори и локалната варијабилност на регионално ниво, со поголема веројатност ни дава сигнал за намалување на врнежите во однос на повеќегодишниот просек.

Се очекува целиот југоисточен регион на Европа да има врнежи под просечните. Најголемо негативно отстапување на врнежите за оваа сезона се очекува да биде во месец јули. Во планинските делови постои голема веројатност дека просечните врнежи ќе бидат надминати поради епизоди на засилена конвекција и појава на обилни врнежи, велат од УХМР.

Многугодишниот просек (1981-2010 година) за температурите на воздухот во летната сезона се движат од 16.0°C во планинските предели до 25.3°C измерени во Гевгелија. Врнежите во овој период се во границите од 23.9mm измерени на метеоролошката станица во Штип до 96,7mm во Маврово.

Многугодишниот просек (1981-2010) на температурата на воздухот во Скопје за јуни, јули и август изнесува 21.9°C, 24.2° и 23.9° C, соодветно.

Многугодишната (1981-2010) просечна количина на врнежи во Скопје за јуни, јули и август изнесува 44.0mm, 37.6 mm и 34.4mm, соодветно.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото-вест) Скопје се „вари„

– Сезонскиот изглед на времето е научен пристап што овозможува информации за климатските карактеристики за неколку месеци или сезони однапред. Во престојната летна сезона секако постои веројатност да се јават периоди со исклучително топло и сушно време, како и веројатност за изразени негативни отстапувања од вообичаените средни вредности на температурата, но и влажни продори.

Повремено може да доминираат субсезонски варијации, што не се предвидливи долго време однапред, па затоа силно се препорачува редовно ажурирање на прогнозата, нагласуваат од УХМР.

Фото: Игор Бансколиев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Груби во „лов“ на шест пратеници за уставни измени

Редакција

Нови 300 случаи на Ковид-19 од 2.493 тестови, 59 се реинфекции

Редакција

Докторот Марјан Шокаровски е нов директор на државната Кардиохирургија

Редакција