Марија Митева, сега веќе поранешна пратеничка на владејачката ВМРО-ДПМНЕ е нов портпарол на Владата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
И Марија Митева ќе биде портпарол на Владата
Таа е и член на Извршниот комитет и поранешен портпарол на партијата.
Освен Митева, портпарол ќе биде и Венера Алатифи Азизи.
еМагазин го разгледа анкетниот лист на Митева, кој го доставила до Антикорупциската комисија кога станала пратеник.
Каков имот пријавила
На свое име и на име на сопругот пријавила стан во скопски Центар.
На име на брат и пријавила два стана во скопска Кисела Вода.
Вози Фолксфаген, како и нејзиниот сопруг.
На свое име и на име на сопругот има и станбен кредит од 2,4 милиони денари, за кој нема податок кога треба да се врати.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Венера Латифи Азизи е нова портпаролка на Владата
Фото: Влада