еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Каков имот пријавил Игор Јанушев, за кого СДСМ бара Обвинителството и ДКСК да испитаат како добил градежно земјиште на подарок вредно 325.000 евра

Новиот генерален секретар на Владата, Игор Јанушев е во фокусот на јавноста откако во неговиот анкетен лист кој го доставил до Државната комисија за спречување корупција (ДКСК), кога стапил на оваа функција, навел дека на подарок добил градежно изградено земјиште во скопски Центар, вредно 20.000.000 денари (325.000 евра), кое го стекнал лани.

Опозициската СДСМ побара Јавното обвинителство и ДКСК да истражат како Јанушев го добил овој подарок.

Засега нема никаква реакција од Јанушев, ниту пак од неговата партија – ВМРО-ДПМНЕ.

Сепак се работи за стан

Ставката изградено градежно земјиште во неговиот нов анкетен лист фигурираше до вчера, кога еМагазин го подготвуваше овој материјал.

Денеска ја нема, и е запишан стан од 165 метри квадратни. Дали се работи за техничка грешка или нешто друго, треба да објаснат од ДКСК и секако свое објаснување треба да даде и Јанушев и да образложи кој и зошто му го подарил.

еМагазин неодамна откако стапи на оваа функција го објави неговиот анкетен лист кој го доставил до ДКСК, кога станал пратеник во претходниот пратенички мандат, бидејќи тогаш се уште не беше објавен неговиот нов анкетен лист.

Во тој анкетен лист на свое име пријавил стан од помала квадратура – 148 метри квадратни во скопски Центар, проценет на 17,3 милиони денари, кој е подарок.

Зошто има разлика во квадратурата исто така треба да објаснат од ДКСК и секако објаснување треба да даде и Јанушев. Обично кога се пријавува стан се наведуваат и помошни простории и сл., па можеби разликата е од тие причини.

Како заеднички имот пак пријавил и стан од 90 метри квадратни во Скопје, проценет на 5,5 милиони денари, кој го нема во новиот анкетен лист.

Во новиот анкетен лист на Јанушев на свое име пријавил и возило Лексус, проценето на 900 илјади денари, кое го има и во стариот анкетен лист.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Игор Јанушев нов генерален секретар на Владата

Игор Јанушев ослободен за набавката на кинеските автобуси

Сања Божиновска и Игор Јанушев нови членови на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ

Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Иво Лауренчиќ постхумно прогласен за креатор за навек во регионот

Редакција

Излезноста до 17 часот е 44,18‚%, за 9% повеќе отколку на претходните претседателски избори

Редакција

На двојните избори на 8. мај, граѓаните само еднаш ќе може да одат на гласање

Редакција