еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Каков имот пријавил Нефи Усеини, за кого е поднесено обвинение за дивоградба во центарот на Охрид

Бизнисменот Нефи Усеини, кој е и поранешен функционер на опозициската ДУИ во Општината Охрид, повторно е во фокус на јавноста откако Јавното обвинителство Охрид му поднесе ново обвинение за дивоградба во центарот на Охрид.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ново обвинение за Нефи Усеини, за дивоградба во центарот на Охрид

Тој заедно со уште едно лице на диво прошириле и надградиле куќа во центарот на градот, а како што претходно беше објавено во медиумите се работи за објектот од историско значење, каде инвеститорот ја урнал мермерната спомен плоча, потсетник на историски настан од 1941 година.

На Усеини од претходно му се суди и за дивоградабата кај охридскиот чинар.

еМагазин го разгледа неговиот анкетен лист кој го доставил до Антикорупциската комисија кога станал советник во Општината Охрид.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нефи Усеини од ДУИ веќе не е советник во Советот на Охрид, поднел оставка од лични причини

Каков имот пријавил

Според неговиот анкетен лист од тоа време на свое име пријавил две куќи во Охрид, од кои едната е подарок и стан во Струга.

На свое име пријавил и неколку парцели земјиште во Охрид, а за дел не дал податок чиви се, како и една парцела земјиште во Мислешево, а пријавил и 10 багери и пет камиони за кои повторно не дал податок чиви се.

Пријавил и недвижен имот во Охрид, но не дал податок чив е.

Вози три автомобили, Порше КМ, Ауди А8 и ВВ Голф.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нефи Усеини од ДУИ доби ослободителна пресуда за претепувањето на советник за време на седница на Советот

Нефи Усеини и неговиот брат излегоа од притвор, дале гаранција во недвижен имот проценет на 850 илјади евра

Само во Македонија: Нефи Усеини во бегство си отвори фирма во Битола, објави ИРЛ

Фото: Фејсбук/Нефи

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Жешкиот костен“ во рацете на пратениците: Каква е постапката за промена на Уставот?

Редакција

Кој е Цар Фердинанд по кој е именуван третиот бугарски клуб

Редакција

(Видео) Лимузина налета врз минувачи во САД, најмалку 20 загинати

Редакција