еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Нефи Усеини и неговиот брат излегоа од притвор, дале гаранција во недвижен имот проценет на 850 илјади евра

На советникот на ДУИ во Општина Охрид, Нефи Усеини и неговиот брат Ибраим им е укината мерката притвор. Основниот суд во Охрид ја прифатил понудената гаранција на браќата Усеини, кои за да се бранат од слобода понудиле хипотека на недвижен имот во центарот на Охрид проценет на околу 850 илјади евра.

Според информациите од Основниот суд во Охрид, првото рочиште по предметот што против браќата Усеини се води за сторено кривично дело „насилство“ извршено врз лицето С.Т. од Охрид е закажано за 22 овој месец.

Претходно беше понудена гаранција од 30 илјади евра за браќата Усеини да се бранат од слобода, која Основниот суд во Охрид ја прифати, но истата беше одбиена од битолска Апелација.

Против Нефи и Ибраим Усеини беа поднесени кривични пријави како осомничени сторители на кривични дела „насилство“ и „неовластено држење на оружје или распрскувачки матeријали“, по што тие беа недостапни за органите на прогонот.

Шест дена подоцна сами се пријавија во Охридскиот затвор, а во меѓувреме лицето С.Т. кој поднесе пријава против нив смена исказот, посочувајќи дека се работи за недоразбирање односно погрешно протолкувана изјава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавил Нефи Усеини, советникот на ДУИ, кој останува во притвор

Охридското обвинителство поднесе обвинение против браќата Усеини, притворот продолжен

МИА/фото: Телма

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Жирито разделено со плексиглас: Забавната индустрија во Грција почна со работа

Редакција

Антикорупциска ќе побара Иванов да користи канцеларии во државна сопственост, а не да плаќа 4.500 евра месечно

Редакција

Против Ковид-19 вакцинирани 50% од осудениците во штипскиот Затвор

Редакција