еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Каков имот пријавил Стевчо Јакимовски, кој е осуден на три години и шест месеци затвор

Стевчо Јакимовски, актуелниот градоначалник на скопски Карпош е осуден на затворска казна од три години и шест месеци.

Пресудата не е правосилна, а е осуден за две кривични дела – бесправно градење на општинската зграда и злоупотреба на службената должност.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Стевчо Јакимовски осуден на три години и шест месеци затвор

Овој судски случај се водеше повеќе од шест години, а Јакимовски вели дека е чист и дека целта на истиот е да биде тргнат од политичката сцена.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

По пресудата Јакимовски вели дека е чист: Целта е да ме тргнат од политичката сцена

Најави и жалба за пресудата пред Апелацискиот суд Скопје.

еМагазин разгледа каков имот пријавил до Антикорупциската комисија кога станал градоначалник.

Каков имот пријавил

Од недвижен имот на негово име има само земјиште во скопско Нерези.

На име на сопругата пак пријавил куќа и земјиште во Скопје.

На негово име нема пријавено ни возило. На име на сопругата пријавил две – БМВ и Фолксфаген и уште две на име на децата – БМВ и Јамаха.

На свое име и на име на сопругата пријавил удели, но не навел каде.

На свое име има и животно осигурување, како и побарувања по основ на заем.

На име на сопругата, на свое име и на име на децата пријавил и депозити и штедни влогови.

На име на сопругата пријавил и кредит од 920 илјади денари, земен во 2022 година, но нема податок кога треба да се врати.

Пријавил и камп приколка и накит.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој сѐ освен Катица Јанева и Стевчо Јакимовски е на “црната листа„ на САД

Кој донирал за претседателската кампања на Стевчо Јакимовски

Кој е Стевчо Јакимовски, кандидат на ГРОМ за претседател на Македонија

Фото: Фејсбук/Јакимовски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Владејачката „Вреди“ започна процес на формирање на Академија на Албанците за наука и уметност во Македонија

Редакција

Нови правила за членство на Македонската берза

Редакција

Стејт депратмент: Македонија презема напори, но не ги исполнува целосно стандардите за елиминирање на трговијата со луѓе

Редакција