еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Нови правила за членство на Македонската берза

Од 01.06.2023 година ќе започнат да се применуваат правилата за членство на Македонска берза АД Скопје одобрени со Решение од 11.05.2023 година на Комисијата за хартии од вредност, информираат од таму.

Донесувањето на нови правила за членство на Берзата е направено со цел од модернизирање на постојните правила и нивно усогласување со законските и подзаконските акти коишто се донесени или изменети во меѓувреме.

Позначајните измени во новите правила се однесуваат токму на усогласувањето со законските и подзаконските акти, со истовремено воведување на одредени новини во насока на помали модификации на условите и потребната документација за прием во членство во Берзата, правата и обврските на членките и соодветна имплемантација на одредби од областа на заштита на лични податоци.

Како поголема новина за истакнување е делот од правилата за членство во врска со едукацијата на брокерите, односно подеталното уредување на проблематиката на организирање на обуки и едукативни настани од страна на Берзата заради одржување на знаењата и вештините на брокерите за тргување со хартии од вредност преку БЕСТ системот, како и обуки и едукативни настани во врска за актуелни прашања од областа на хартиите од вредност во функција на континуирана едукација на овластените пазарни учесници.

Новите правила за членство на Македонска берза се објавени на веб страницата на Берзата и се достапни на следниов линк: mse.mk.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Прва тужба поради родова дискриминација во спортот: Повредени правата на женските боречки клубови

Редакција

Македонија ќе има најмал раст и највисок буџетски дефицит во Западен Балкан, прогнозира Светска банка

Редакција

Централниот регистар вработува 20 лица, плата до 44.784 денари

Редакција