еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Кои се членовите на Управниот одбор на Фондот за иновации за кои Антикорупциска бара разрешување поради незаконско доделување гранотови на внукот на Ахмети

Освен разрешување на директорот на Фондот за иновации технолошки развој (ФИТР), Фестим Халили, поради сомневање за незаконско доделување грантови во вредност од 81 илјада евра на фирми во сопственост на Дрин Ахмети, внукот на лидерот на владејачката ДУИ, Али Ахмети, Државната комисија за спречување корупција побараа разрешување и на сите членови на Управниот одбор (УО) и на Комитетот за одобрување на инвестиции на ФИТР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Дрин Ахмети незаконски добивал грантови од Фондот за иновации, Антикорупциска бара одговорност

Кои се членовите на Управниот одбор на ФИТР?

Според податоци објавени на официјалната страна на ФИТР, членови на УО се Моника Младеновиќ, Бранко Ничота, Пиштар Лутфиу и Фатљлуме Реџа-Лусњани.

Нив ги избира и именува владата, од која ДКСК побара нивно разрешување.

И членовите на Комитетот за одобрување на инвестиции ги именува и избира владата, а во истиот се: Марвин Лиао, Дон Луис, Ашер Сидики, Гунтер Фелингер и Инес Капс.

Комитетот како што објасниле на официјалната страна на ФИТР се избира од редот на експерти со најмалку десетгодишно меѓународно искуство во областа на инвестициите во иновациската дејност.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавил Фестим Халили, директорот на Фондот за иновации, за кој Антикорупциска бара разрешување поради незаконско доделување на грантови на Дрин Ахмети

(Фото) Кој е Дрин Ахмети, внукот на Ахмети, кој е привeден

Вредноста на две компании на внукот на Ахмети, Дрин е околу 8 милиони евра

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонските момчиња станаа мажи, а девојчињата израснаа во жени чекајќи ЕУ да ги исполни ветувањата

Редакција

Внуката на Горан Стефановски, Ана ги преведе неговите дела на италијански јазик

Редакција

Анестезиолог „тик-токер„ може да остане без лиценца за работа седум години

Редакција