еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Конфискуваните парцели на Груевски вредат 5,8 милиони евра

Агенцијата за управување со одземен имот ги проценила конфискуваните парцели на Водно на поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, бегалецот Никола Груевски, кој стана политички азилант во Унгарија, на 5,8 милиони евра, објави Фокус.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Колку вреди одземениот имот на Груевски

Станува збор за имот кој е конфискуван за случајот “Плацеви на Водно”, а се работи за поголема парцела од 11.000 метри квадрати (поделена на три дела) и еден плац од 2.700 метри квадрати.

Имотот наскоро треба да се огласи за продажба.

Едно од парцелите е и онаа на која Груевски планирал да гради барокен замок, од 2.700 метри квадрати, која се наоѓа во близина на резиденцијата на Вилма Трајковска (сопругата на поранешниот претседател Борис Трајковски) на Водно.

Другиот плац од 11.000 квадратни метри е над луксузниот комплекс „Панорама“ на Водно.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Груевски вели дека имот кој му го заплени државата не бил негов

На продажба ќе одат и петте одземени станови од Груевски, проценети на 1,9 милиони евра, од кои три се наоѓаат во комплексот „Панорама“ на Водно, пишува Фокус.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Груевски фотографиран со непозната жена во Будимпешта

Груевски нема да лежи затвор за набавката на фамозниот владин мерцедес

На Груевски му се одземени два стана и три апартмани во Скопје и градежно земјиште

Фото: Груевски/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Почина еден пациент од Ковид-19

Редакција

УХМР за викендот најавува нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Редакција

(ВИДЕО) Нов циркус во Собрание: Пратеници се бркаа за микрофонот, Џафери викна обезбедување

Редакција