еМагазин
Македонија

Увидот во Избирачкиот список за референдумот почнува од утре

Од утре почнува проверката на податоците во Избирачкиот список за спроведување на референдумот на 30 септември кој ќе трае до 23 август 2018 година на полноќ.

ДИК ги повика граѓаните да ги проверат податоците во Избирачкиот список, и доколку сметаат дека е потребно, да побараат измена, дополнување или бришење на податоците во него.

Проверката на податоците може да го направат преку веб-страницата на ДИК (izbirackispisok.gov.mk) и во подрачните одделенија и канцеларии на ДИК.

Барањата за измена, дополнување или бришење на податоците во избирачкиот список, граѓаните ги поднесуваат во подрачните одделенија и канцеларии на Државната изборна комисија, додека државјаните на РМ кои се на привремена работа или престој во странство го поднесуваат по електронска пошта до ДИК.

Пријавата ДКП-та, односно конзуларните канцеларии во рок од два дена по завршување на увидот треба да ги достави електронски до МНР, а МНР, пак, најдоцна до 27 август треба да ја извести ДИК. Инаку, дијаспората за референдумското прашање ќе се изјасни на 29 септември.

ДИК по барањата и пријавите на граѓаните е должен да одлучи со решение во рок од 48 часа од денот на приемот на барањето. Доколку биде донесено решение со кое се одбива барањето, граѓанинот во рок од 24 часа од приемот на решението може да поднесе тужба до Врховниот суд. Врховниот суд во рок од 24 часа по приемот на тужбата и одлуката веднаш му ја доставува на тужителот по електронски пат.

Избирачкиот список што се става на јавен увид е со состојба на податоци на граѓаните кои заклучно со 30 септември 2018 година станале полнолетни.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кривичен ги отфрли како неосновани барањата за амнестија за случајот „Организатори на 27 април”

Редакција

Заменик-министерот за здравство Илир Хасани поднесе оставка

Редакција

Владата одлучи: Се укинува носењето маски на отворено, се дозволуваат свадби и публика на спортски натпревари

Редакција