Марија Јаническа е нов директор на Оперативно техничката агенција (ОТА).
ОТА, во чија надлежност е опремата за прислушување, речиси еден месец беше без директор, а таа доаѓа на местото на Зоран Ангеловски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Марија Јаничевска е нова директорка на ОТА
Образование
Родена е во Скопје во 1978 година.
Таа е дипломиран правник. Дипломирала на Правниот факултет при Универзитетот „Кирил и Методиј“ во Скопје, струка деловно право.
Кариера
Од 2003 до 2005 година била проект кординатор на проект на Светска банка и Агенцијата за млади и спорт.
Во периодот од 2007 до 2008 година работела како правник во ТП Агин.
Во 2008 година била правен/проект асистент во Здружението на јавни обвинители.
Од 2008 до 2009 година била раководител на правен сектор во Он.Нет ДОО.
Од 2009 до 2015 година работела како правен експерт/офицер за заштита на лични податоци во Оне.
Во периодот од 2015 до 2019 година работела во А1 Македонија/оне.Вип, како правен експерт/офицер за заштита на лични податоци.
Од 2019 е во ОТА, на позицијата државен советник за општи и заеднички работи.