Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски е во фокусот на јавноста откако Владата почна процедура за негово разрешување.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Владата бара разрешување на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски
Тој за одлуката на Владата вели дека се што сработел било според закон, а од Владата пак велат дека причините за неговото разрешување се генералната разочараност на граѓаните од обвинителско-судскиот систем, постапувањето надвор од законските надлежности, падот на земјата на Индексот за корупција, но и назначувањето на новиот шеф на Вишото јавно обвинителство, од пред неколку дена.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Коцевски за одлуката на Владата за негово разрешување: Целокупното мое работење е согласно закон
Што пишува во неговата биографија?
Коцевски е роден на 1. август 1960 година во Тетово.
Дипломирал на Правниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје во 1992 година, а во 1994 година положил правосуден испит, пишува во неговата официјална биографија.
Од 1995 до 2008 година работел како адвокат во Тетово.
Во Обвинителството е од ноември 2008 година, кога е избран за јавен обвинител во Вишото јавно обвинителство Гостивар.
Во текот на обвинителската кариера, Коцевски бил член на Управниот одбор и на Комисијата за полагање завршен испит на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“, член на Извршниот одбор на Здружението на јавните обвинители, како и член на работни групи за подготовка на повеќе закони.
Во јануари 2022 година Советот на јавните обвинители го избра за јавен обвинител во Јавното обвинителство.
Во републичкото Јавно обвинителство бил раководител на Одделението за мета податоци и мерки за следење на комуникациите и претседател на Комисијата за утврдување дисциплинска одговорност на јавен обвинител во вршење на јавнообвинителската функција.
Собранието на Македонија на 13.февруари 2024 година го именуваше Коцевски за државен јавен обвинител.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Каков имот пријавил државниот јавен обвинител Коцевски, за кого Владата бара разрешување
Македонија падна 12 места на Индексот за корупцијата
Фото: Јавно обвинителство