еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Кој е Панче Тошковски, министер за внатрешни работи во техничката влада

Панче Тошковски, кадар на опозициската ВМРО-ДПМНЕ е новиот министер за внатрешни работи во техничката влада.

Тој доаѓа на местото на Оливер Спасовски од владејачката СДСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Панче Тошковски ја презеде министерската функција во МВР

Образование

Роден е во јуни 1982 година.

Според неговата биографија Тошковски е магистер по кривично право и криминологија на Правниот факултет “Јустинијан Први“ во Скопје.

Има положено правосуден и адвокатски испит, а работи како адвокат во граѓански, имотно-правни, трговски, кривични и управни спорови пред домашни и меѓународни судови.

Политичка кариера

Во период од 2008 до 2011 година работел како советник во Министерството за транспорт и врски, во Акционерското друштво за стопанисување со деловен простор во сопственост на државата Скопје, а бил и член во неколку комисии и работни тела.

Тошковски е претседател на Комисијата за правни прашања на ВМРО-ДПМНЕ.

„Адвокат на партијата“

Како адвокат тој беше бранител на неколку обвинети функционери и членови на партијата во случаите кои ги отвори поранешното Специјално јавно обвинителство.

Пред судовите застапуваше и други членови и функционери на ВМРО-ДПМНЕ во други случаи.

Тој даваше адвокатски и советодавни услуги и на поранешното државно акционерско друштво Електрани на Македонија (ЕЛЕМ), сега Електрани на Северна Македонија (ЕСМ), додека таму директот беше лидерот на партијата, Христијан Мицкоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е Митко Бојмацалиев, заменик-министер за внатрешни работи во техничката влада

Кој е Онур Али, заменик-министер за култура во техничката влада

Кој е Јован Митрески, новиот претседател на Собранието

Фото: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Прв случај на морбили кај 13 месечно дете од Свети Николе

Редакција

Боки 13 сведочеше во „Рекет“: Рускоска често ме брифираше на кафе и алкохол кај мене во канцеларија

Редакција

СОНК и МТСП се договорија: Нема да се кратат платите за вработените во градинките кои штрајкуваа

Редакција