Тројца градоначалници на Општина Кочани се уапсен за трагедијата во Кочани, во која животот го загубија 59 лица.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Уапсен Папазов и двајцата негови претходници Илијев и Димитровски
Актуелниот Љупчо Папазов од владејачката ВМРО-ДПМНЕ, кој си поднесе оставка, Николчо Илијев, од опозициската СДСМ, кој беше градоначалник во периодот од 2017 до 2021 година и Ратко Димитровски, од ВМРО-ДПМНЕ, кој беше градоначалник во периодот од 2009 до 2017 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој е Николчо Илијев, кој е уапсен заедно со Љупчо Папазов и Ратко Димитровски
Денеска се очекуваат повеќе детали за нивното апсење.
Кој е Ратко Димитровски
Роден е на 14. април 1956 година во Делчево.
Тој е дипломиран графички инженер, а дипломирал во Загреб, Хрватска.
Во периодот од 2008 до 2012 година беше пратеник.
Тој е основач на печатницата “Европа 92” во Кочани, во 1990 година.
Работел и во печатницата “Киро Дандаро” во Битола, во периодот од 1990 до 1992 година, како и во печатницата “Младост” во Кочани од 1977 до 1990 година.
Случај „Поштенска банка“
Во 2018 година тој беше еден од приведените за случајот „Поштенска банка“, кој го отвори поранешното Специјално јавно обвинителство.
Тој и останатите приведени се товареа за перење пари и други приноси
Неговата фирма во времето кога премиер беше Никола Груевски доби неколку државни тендери, меѓу кои и тој за „1.050 книги“.
Печатница „Европа 92“
Печатницата „Европа 92“ е една од водечките фирми во Кочани.
Според технологијата и воведените стандарди се вбројува меѓу најдобрите печатници во земјава и регионов.
Во 2002 година печатницата предаде во употреба нов производствен простор од 4.500 метри квадратни.
Истата располага со 6.445 метри квадратни производствено – административен простор и има над 120 вработени.
Сместена е во индустриската зона на Кочани.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зар е можно градоначалникот Папазов да не ја видел т.н. дискотека во Кочани?
Каков имот пријавил градоначалникот Папазов, кој поднесе оставка поради трагедијата во Кочани
Папазов беше на распит во Обвинителството, засега не е осомничен
Фото: ВМРО-ДПМНЕ