еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Кој е судијата Георгиев кој поради поткуп доби притвор од 30 дена

Врховниот судија Наке Георгиев е во фокусот на јавноста откако беше фатен на дело со поткуп од 10 илјади евра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Судијата Наке Георгиев доби 30 дена притвор

Судијата Георгиев го пријавил синот на Стојчев и е фатен на дело, за Мемети нема доволно докази: Детали од Обвинителството

Тој го изгуби имунитет и доби 30 дена притвор, а за него Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција отвори истрага во која тој е првоосомничен.

Кој е Наке Георгиев

Роден е во јуни 1963 година во Струмица, стои во неговата официјална биографија.

Дипломирал на Правниот факултет во Битола во 1987 година.

Правосуден испит положил во 1990 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавил судијата Георгиев, кој заврши во притвор за поткуп

Работно искуство

Во 1987 година работел во ЈЗО Природно лекувалиште и медицинска рехабилитација Бања Банско – Банско.

За судија во Основен суд Струмица е избран на во 1997 година, а во 2004 година е избран за судија на Апелациониот суд во Штип.

Работел во граѓанска област.

Во 2017 година е избран за претседател на Апелациониот суд Штип.

Со одлука на Судскиот совет од февруари 2020 година е избран за судија во Врховниот суд.

Работел во Одделот за граѓански дела, Одделот за судење во разумен рок и Специјализиран совет.

Излезе од Судскиот совет за да син му стане судија

Судијата Георгиев пред неколку месеци беше избран за член на Судскиот совет, но наместо да положи заклетва, поднесе оставка за да неговиот син Кирил Георгиев стане судија во Основниот суд Скопје.

Кога беше избран за член на Судскиот совет доби само шест гласа (вклучувајќи го и неговиот) како единствен кандидат од општата листа на кандидати од Врховниот суд. Гласаа 13 од 16 запишани избирачи, седум ливчиња биле неважечки и три неупотребени.

Постапка за одговорност додека беше претседател на Апелацискиот суд во Штип

Георгиев, пред извесно време беше во фокусот на јавноста и поради тоа што против него се водеше постапка за утврдување одговорност во периодот додека бил претседател на Апелацискиот суд во Штип.

Откако беше соопштено дека е кандидат за член на Судскиот совет, на затворен дел од седница на Советот беше одлучено да се запре постапката против него, откако неговиот предметот беше држен во фиока неколку месеци.

За истиот случај претходно беа разрешени тројца судии.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Претресена канцеларијата на судијата Наке Георгиев во Врховниот суд

Судијата Наке Георгиев остана без имунитет, може да оди во притвор и е одалечен од работното место

Фото: Врховен суд

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ценовниот ефект од енергетската криза ќе се ублажува, вели Бесими

Редакција

(Вознемирувачко фото) Претепан новинарот Зоран Божиновски, МВР го потврди случајот

Редакција

Убава вест: Оздравени 309 заболени од Ковид-19, во Скопје 114

Редакција