еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Кризата во автомобилската индустрија во Германија, веќе се чувствува и кај дел од македонските добавувачи

Германската автомобилска индустрија поминува низ транзициона фаза и потребно е да надмине одредени пречки, а тоа ќе има влијание врз компаниите добавивачи и во Македонија, оцени на брифингот со новинарите Антје Ванделт, директорка на АХК Северна Македонија, дел од мрежата на германските комори, надлежна и за Албанија и Косово.

„Ова се забележува во последниот квартал каде што има благ пад на извозот од Македонија кон Германија, но очекувањата се дека во вториот квартал во 2025 година ќе има враќање во нормала и зголемување на производството. Но добрата работа што во Македонија, германските инвеститори не се само во автомобилската индустрија, туку и во други сектори кои не се загрозени,“ рече Ванделт.

Според нејзе, локалните компании мора да ја зајакнат конкурентноста за да бидат добавувачи на германските компании или пак дел од одредено производство на германска компанија да биде дел од производството во нашите локални компании, а такви успешни примери веќе има.

„Компаниите треба да конкурираат со квалитет, бидејќи македонскиот пазар повеќе не е пазар на евтина работна сила. Иднината во инвестиции во зелена економија, обновливи извори на енергија, за на тој начин компаниите да станат конкурентни, а на такви проекти веќе работиме,“ додаде Ванделт.

Претседателот на Советот на странски инвеститори, Виктор Мизо оцени дека можно е да се намали обемот на работа кај некои од македонските фирми кои се занимаваат со производство на автомобилски делови.

„Намалување на профитите е реално да се очекува. Тоа што се случува во Германија влијае врз компаниите не само кај нас, туку и на глобално ниво. Следната година Европа ќе мора да ја врати конкурентноста на производителите на автомобили поради притисокот од Кина од аспект на трошоците, повисоката технологија и пониските цени на возилата, но и развојот на возила во Европа ќе треба да биде направен на побрз и подинамичен начин. Ќе има и рационализација на трошоците секаде низ Европа. Тоа е факт, но авотмобилската индустрија е во криза секоја година или година и пол, сме биле во криза и порано, ќе ја пребродиме и оваа,“ рече Мизо.

Мизо и Ванделт оценуваат дека нема да има отпуштања. Според Ванделт, компаниите ќе инвестираат во нови технологии и едукација на вработените.

Автомобилската индустрија во Германија е во криза, а како потврда на тоа е затворањето на се поголем број на фабрики. Пред два месеци Фолксваген, затвори три фабрики и отпушти десетици илјади вработени. Според познавачите на состојбите, ова се случува бидејќи во Германија веќе има воспоставено еден длабоко вкоренет систем на работа низ децениите, кој тешко се менува. Оттука и неможноста компаниите да се прилагодат на новите промени и барања на пазарот, за разлика од Кина, која многу брзо се прилагодува и фаќа ритам со барањата и трендовите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонските компании пред нова неизвесност, поради падот на германската економија

Фото/Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Српскиот патријарх Порфириј: Браќата од Македонија се вратија во единство и тоа го гледаме како чудо

Редакција

Убава вест: 288 оздравени од Ковид-19

Редакција

Лани домашните градежни фирми имале помалку работа во странство

Редакција