еМагазин
Image default
Забава ТОП СТОРИИ

Култниот „Андалузиски пес“ на Буњуел го отвора 4. издание на Фестивалот на нем и класичен филм во Кинотека

„Андалузиски пес“ во режија на Луис Буњуел, едно од највлијателните дела во историјата на кинематографијата на 10. септември ќе го отвори четвртото издание на Фестивалот на нем и класичен филм во Кинотека на Македонија.

Проекцијата на филмот има музичка придружба во изведба на пијанистот Милош Станојевиќ, еминентен српски пијанист и добитник на повеќе награди на државни натпревари во Србија.

Една од најиконичните сцени во историјата на киното – кога млад човек сече око со брич, паралелно со слика на облак што „сече“ Месечина, со која почнува филмот, е пример за иновативност и креативност, бидејќи „Андалузиски пес“ не е само филм, туку искуство кое продолжува да инспирира и кое и денес останува актуелно и провокативно.

Провокација, креативност и иновативност не им недостига ниту на останатите автори чии дела од француската, германската, литванската и шпанската кинематографија ќе може да се проследат на Фестивалот до 16 септември.

Реализацијата на Фестивалот на нема и класичен филм е поддржана од Амбасадата на Шпанија во Македонија, од српскиот културен центар во Скопје – „Спона“, Гете-институт Скопје, ФАМЕ’С Институт.

Целосната програма може да се види ОВДЕ.

Промотивна објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Груевски се јави за случајот „плацеви на Водно“: Смислена лага за моја дискредитација

Редакција

Каратистите на „Макпетрол“ на Светската младинска карате-лига освоија сребро и две седми места

Редакција

Стејт департмент: 127 македонски граѓани стапиле во терористички групи во Исламската држава, 38 биле убиени, 69 се вратиле, 19 останале

Редакција