еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Лекарите вознемирени, комората бара расветлување на случајот со убиството на докторот во Железара

Лекарската комора остро го осудува убиството на доктор што се случи синоќа во скопската населба Железара, кое предизвика силна вознемиреност кај докторската фела.

„Истакнуваме дека никаков вид на насилство во општеството не смее да се толерира, бидејќи насилството не е соодветен начин на кој се решаваат проблемите. Истакнуваме јавно барање надлежните институции итно да постапат за овој случај и да ги преземат сите неопходни мерки за да ги утврдат околностите во кои се случил настанот и соодветно на тоа да го пронајдат сторителот и да го санкционираат.

Загубата на човечки живот секогаш е тешка, но трагедијата е многу поголема кога тоа е направано на насилен начин. Загубата на доктор е и загуба за целиот здравствен систем.

Лекарската комора изразува длабоко сочувство до семејството и блиските и останува будно да го следи развојот на настаните и соодветно да реагира,“ велат од Лекарска комора.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Убиениот доктор во скопска Железара има повеќе убодни рани: Детали од Обвинителството

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Новинарите на „Фикс Фаре“ купија калашников и покажаа колку лесно може да се набави било какво оружје во Албанија

Редакција

Осумднeвен притвор за браќата кои претепаа лекар во Тетово

Редакција

Пожарот зафати насади со марихуана во Росоман

Редакција