еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Летна наградна авантура со Веро, 400.000 денари за најсреќниот купувач

Почнува голема летна авантура во Веро во која најсреќниот купувач ќе освои многу вредна награда – паричен ваучер од 400.000 денари.

Наградната игра „Ура за летна авантура“ трае од 15 мај до 28. јуни и е наменета за сите купувачи во Веро маркетите кои ќе направат сметка од над 350 денари од означените промотивни производи.

Секоја таква сметка носи по еден купон со кој се стекнува право на учество во наградната игра. Купоните треба да се пополнат со лични податоци и да се остават во означените кутии кои се поставени во сите Веро маркети.

Во рамки на наградната игра, секоја сабота од пристигнатите купони ќе се извлекуваат добитници на вредносни ваучери. Вкупно ќе бидат доделени 138 ваучери во вредност од 3.000, 5.000, 10.000, 15.000 и 30.000 денари.

Сите извлекувања ќе се одржуваат јавно во Веро центар, секоја сабота од 12 часот.

Извлекувањето на главната награда е закажано за 29. јуни, кога од сите пристигнати купони во наградната игра ќе се извлече името на најсреќниот купувач, добитник на вредносниот ваучер од 400.000 денари за пазарување во Веро маркетите.

Имињата на среќните добитници ќе се објавуваат тековно на профилите на социјалните мрежи на Веро маркети, а информации за добитниците може да се добијат и во самите маркети. Сите добитници задолжително треба да ја чуваат фискалната сметка со која учествувале во наградната игра бидејќи во спротивно, нема да можат да ја подигнат наградата.

Веро им посакува среќа на сите учесници во наградната игра. Ура за летна авантура!

ПР-објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) НЛБ Банка со голема донација на пет општествено корисни организации и институции

Редакција

Веро и потрошувачите обезбедија 8.500 евра за СОС Детско село

Редакција

(Галерија) Ивановски и Поп Арсова срушија два државни рекорди: 2.000 тркачи на Skopje Run 10K

Редакција