еМагазин
Image default
ТОП СТОРИИ Убава приказна

Лука Хаџи Јорданов – единствениот Македонец со стипендија PGSM за Сорбона

Лука Хаџи Јорданов е единствениот Македонец кој добил стипендија PGSM за магистерски студии на познатиот универзитет Сорбона во Франција, кој на Шангајската листа е 4-ти во светот за студии по математика.

Оваа стипендија PGSM (Paris Graduate School for Mathematical Sciences) годинава ја добиле 32 студенти во првиот рок за аплицирање, односно вкупно 44 студенти (повеќе информации за стипендијата на следниов линк: sciencesmaths).

Оваа стипендија се доделува за студирање на универзитетите Sorbonne, Paris Dauphine и Paris Cité од 2010 година. Точниот број кандидати годинава се уште не е објавен, но во 2022 за овие факултети аплицирале 1023 кандидати, од кои само 41 ја добиле стипендијата, што значи ја добиваат помалку од 5% од кандидатите. Тој, исто така, аплицирал и бил примен на Оксфорд, 3. по ред на Шангајската листа за математика.

Лука се натпреварува по математика уште од осмо одделение и досега бил на околу 50 олимпијади. „На околу 30-тина имам освоено медал, што претставува рекорд меѓу македонските олимпијци по математика, можеби и во која било друга наука. Годинава дипломирав теориска математика на Математичкиот факултет при Универзитетот во Белград, највисоко рангираниот универзитет на Балканот по Шангајска листа.

Четиригодишните студии ги завршив за 3 години со 10.0 просек, додека последните 18 испити (од 40 вкупно) ги положив во рок од 6 месеца (вклучува и 11 испити положени во една споена испитна сесија). Мислам дека сум единствениот студент во Србија што успеал да го постигне ова откако постои Болоњската декларација во оваа земја од 2003 година“, објаснува Хаџи Јорданов.

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Само во Македонија: Од затворот Идризово извршиле 26 измами

Редакција

Софијанова ги вратила парите за дежурствата, од Детска клиника велат дека тоа не ја ослободува од одговорност

Редакција

(Видео) Братот на Груби купил деловен објект на улицата Македонија вреден половина милион евра, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Редакција