Маж и жена од скопското село Мралино загинаа во несреќа откако со автомобил паднале во Крива Река, информираа од Министерството за внатрешни работи (МВР).
Несреќата се случила на локалниот пат кој води од селото Коњух кон селото Бељаковце, кај место викано „Ракле“, кратовско.
Возилото „даеву матиз“ со скопски регистарски ознаки кое било управувано од Ж.Ј.(75) од селото Марино, Општина Илинден, излетало од коловозот и паднало во Крива река.
Од здобиените повреди тој починал на местото на несреќата, како и неговата сопатничка С.Ј. (76) од истото село.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен oбвинител телата на починатите биле предадени на обдукција.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.