еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Македонија доби нова Влада, кој сѐ е во неа

Македонија доби нова Влада. За истата синоќа во македонското Собрание гласаа 77 пратеници, а 22 беа „против“.

Нов премиер е Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, а Владата ќе има и пет вицепремиери.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски даде заклетва со „Северна“

Пратениците на коалицијата “Европски фронт“, предводена од ДУИ, ја напуштија собраниската седница и не гласаа за истата, бидејќи „немала легитимност од етничките заедници“.

Во новата Влада 16 членови се од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“, вклучувајќи го и премиерот,  шестмина се од коалицијата „Вреди“, а двајца од ЗНАМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е Христијан Мицкоски, новиот македонски премиер

Министрите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија:

Владо Мисајловски, министер за одбрана.

Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и трговија.

Панче Тошковски, министер за внатрешни работи.

Александар Николоски, министер за транспорт, вицепремиер.

Иван Стоилковиќ, министер за односи меѓу заедниците, вицепремиер.

Гордана Димитриеска Кочовска, министер за финансии.

Сања Божиновска, министер за енергетика.

Цветан Трипуновски, министер за земјоделство.

Весна Јаневска, министер за образование и наука.

Златко Перински, министер за локална самоуправа.

Зоран Лутков, министер за култура и туризам.

Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација.

Борко Ристовски, министер за спорт.

Љупчо Димовски, министер без ресор, вицепремиер за политички систем.

Шабан Салиу, министер без ресор, вицепремиер за спроведување на декадата на Ромите.

Министрите на коалицијата „Вреди“:

Изет Меџити, прв вицепремиер, министер за екологија.

Арбен Таравари, министер за здравство.

Бесар Дурмиши, министер за социјална политика, демографија и млади.

Фатмир Лимани, министер за економија и труд.

Арбен Фетаи, вицепремиер за добро владеење.

Орхан Муртезани, министер за евроинтеграции.

Министрите на ЗНАМ:

Игор Филков, министер за правда.

Горан Минчев, министер за администрација.

Биографиите на сите членови на новата Влада можете да ги прочитате во рубриката на еМагазин, „Наша тема“, ОВДЕ.

Фото: Собрание

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За фирмите субвенции од 14.500 денари за вработен и 50% субвенционирање на придонесите за плата

Редакција

Верушевски дојде да сведочи, одбраната бара запирање на постапката за „Таргет – Тврдина“

Редакција

Министерството за здравство бара да се избегнат погребните ритуали за Амди Бајрам бидејќи бил позитивен на Ковид-19

Редакција