еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

МВР демантира дека Вања Ѓорчевска е пронајдена и апелира да не се шират дезинформации

Министерството за внатрешни работи ги демантира дезинформациите објавени на порталот „Курир“ дека 14-годишната Вања Ѓорчевска за која на 27. овој месец беше пријавено дека исчезнала, наводно е пронајдена во соседна држава.

„Станува збор за комплетно лажна вест во која непознатиот автор се повикува на наводни „извори од истрагата“, а притоа со Одделот за односи со јавност при Министерството за внатрешни работи воопшто не ја направи задолжителната проверка на наводите, и покрај бројните апели и од страна на полицијата, и од страна на родителите на малолетничката да не се пласираат дезинформации со кои само може да се наштети на истрагата.

Како што МВР редовно информираше деновиве, за решавање на случајот и пронаоѓање на лицето е постапено веднаш по добиената пријава, вклучени се целосните капацитети на СВР Скопје на највисоко ниво, извршени се низа разговори со лица блиски на малолетничката, прегледани камери, итн..

Министерството за внатрешни работи, согласно законот, бара веднаш да биде објавен овој демант, а невистинитиот текст секаде каде што е објавен да биде повлечен.

Во спротивно ќе ги користи сите законски расположливи средства кои стојат на располагање. Воедно, апелираме да не се шират дезинформации, а МВР постојано ќе ја информира јавноста се до пронаоѓање на малолетничката,“ велат од МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Распишана меѓународна потерница по Вања Ѓорчевска: Интерпол се вклучи во потрагата

(Фото) 14-годишната Вања Ѓорчевска не е единственото дете кое го бара МВР, активни се потерници за уште шест малолетници

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бројката на дијагностицирани со Ковид-19 надмина 10.000: Нови 152 случаи, најмногу во Скопје, Куманово, Штип

Редакција

Седум медали за каратистите на „Макпетрол“ на Балканското првенство во Црна Гора

Редакција

Претседателот Пендаровски во Собранието: Несериозно е свечено да потпишуваме дека сме Македонци кои зборуваат македонски јазик

Редакција