Денеска и утре македонскиот премиер Христијан Мицкоски е во посета на Берлин, Германија, каде ќе присуствува на состанокот на шефови на влади на земјите од Западен Балкан во рамки на Берлинскиот процес.
Во македонската делегација се и министерот за надворешни работи и трговија Тимчо Муцунски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и министерот за европски прашања, Орхан Муртезани.
Предвидено е Мицкоски да учество и на заедничка прес-конференција на канцеларот на Германија Олаф Шолц и Урсула фон дер Лајен, претседателката на Европската комисија и домаќин на следниот Самит.
Учесници на состанокот традиционално се шестте земји од Западен Балкан, нивните земји-поддржувачи Австрија, Франција, Италија, Словенија, Хрватска, Велика Британија, Полска, а од 2019 година и Грција и Бугарија, како и ротирачкото претседателство со Советот на ЕУ, Советот за регионална соработка, ЦЕФТА и Регионалната младинска канцеларија (RYCO).
Мицкоски таму треба да има и билатерални средби.
Фото: Влада