еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Поранешниот претседател на ИВЗ, Реџепи за пукањето кон неговиот син, полицаец: Немаме нечисти сметки со никого

Сулејман Реџепи, поранешниот претседател на Исламската верска заедница на Македонија (ИВЗ), во изјава за Лајм вели дека пукањето кон неговиот син било нарачано дело.

“Автомобилот од кој било пукано бил без регистарски ознаки. Син ми го забележал возилото кое го следело. Застанал сакајќи да праша зошто го следат. Но во тој момент биле испукани три куршуми.

Еден од испуканите куршуми се одбил од автомобилот и го повредил син ми во нога. За среќа се работи за мала повреда. Синот ја напушти болницата и се врати дома, вели Реџепи за Лајм.

Тој се надева дека случајот наскоро ќе биде расчистен и дека ќе се откријат мотивите за нападот.

“Немавме закани или нечисти сметки со никого. Не знаеме која е позадината. Сторителот мора да ја искаже намерата откако ќе се уапси. Несомнено е дека станува збор за нарачано дело.

Но сепак, случајот го оставивме во рацете на надлежните органи“, вели Реџепи за Лајм.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Косовари пукале во полицаецот кој беше ранет во Ѓорче Петров

Полицаец, син на поранешниот поглавар на ИВЗ, ранет во Скопје

Фото: Фејсбук/Реџепи

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Европа ја доживеа втората најтопла зима во историјата

Редакција

Стартуваа градежните работи на автопатот Прилеп-Битола

Редакција

Железничкиот сообраќај и натаму во прекин

Редакција