еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Мицкоски заклетва ќе даде со уставното име

Идниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ќе даде заклетва со уставното име.

„Се разбира дека ќе го кажам уставното име на државата, не гледам друг начин како да се каже таа заклетва за да не биде понатаму главна тема. Сакам да ја затворам таа тема, бидејќи нас не очекуваат реформи, не очекуваат подобри времиња за Македонија.

Инаку, како што кажав во минатото, така ќе кажам и во вашата емисија дека при моите изјави во Македонија, при моите говори, секогаш јас ќе си го користам името Македонија како име на мојата татковина и тука не треба да имаме дилема. Тука немам намера да правам компромиси, бидејќи тоа е моето загарантирано човеково право“, рече тој во Дневникот на телевизијата Сител.

Тој најави дека и во странство ќе го користи уставното име.

„Апсолутно, тука не треба да има никаква дилема. Уставното име е уставно име, дали ние се сложуваме со тоа – не се сложуваме, дали ни е драго – не ни е драго, но тоа е уставно име на државата, а при давање изјави, мое лично право е како јас ќе ја наречам мојата држава“, рече тој.

Фото: Игор Бансколиев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Минималната синдикална кошничка за декември 51.235 денари

Редакција

Работници од Индија пристигнале на фарма и во млекара во Свети Николе: Почна увозот на странски работници и во земјоделскиот сектор

Редакција

Поради корона вирусот: САД ги суспендираше сите летови од Европа до земјата на 30 дена

Редакција