еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Момче избодено до смрт во центарот на Прилеп

Момче на 14-годишна возраст синоќа околу 19:30 часот било избодено до смрт во центарот на Прилеп.

Според информациите на телевизијата Телма на инцидентот му претходела физичка пресметка на поголема група млади лица.

Инцидентот се случил пред деветкатницата во Прилеп во близина на градскиот плоштад.

Момчето почнало да бега од групата, но паднало на влезот на прилепската чаршија по што било стигнато од групата која учествувала во тепачката.

Очевидци повикале Брза помош, но момчето подлегнало на повредите.

Врз телото на момчето ќе се изврши обдукција, а полицијата го истражува случајот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Малолетник и 21-годишник го убиле 14-годишното момче во Прилеп

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Шведска влегува во НАТО, и Унгарија го одобри членството

Редакција

Корона кризата не го запре задолжувањето: Граѓаните од банките зеле кредити од 2,7 милијарди евра

Редакција

Излезност до 9 часот е 3,85%

Редакција