еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Корона кризата не го запре задолжувањето: Граѓаните од банките зеле кредити од 2,7 милијарди евра

Заклучно со јуни, годинава 171,3 милијарди денари или околу 2,7 милијарди евра изнесува сумата на кредити што банките и штедилниците им ги дале на граѓаните. И покрај кризата што ја предизвика кризата од корона вирусот граѓаните продолжија да се задолжуваат.

Според податоците на Народната банка, во јуни, вкупните кредити на домаќинствата забележаа месечен раст од 1,3%, којшто во најголем дел произлегува од денарските кредити.

Годишниот раст изнесува 8,8% и се должи на зголемените кредити во денари и странска валута, при поголем придонес на кредитите во денари. Со исклучување на ефектот од преносот на сомнителните и спорните побарувања од билансна во вонбилансна евиденција, согласно со одлуката на Народната банка, годишниот кредитен раст кај домаќинствата во јуни изнесува 9,6%.

Податоците покажуваат пораст кај станбените и потрошувачките кредити, а пад кај автомобилските кредити и картичките.

„Во јуни, гледано според намената на кредитите одобрени на физичките лица, потрошувачките кредити и станбените кредити, како најзастапени категории, забележаа раст од 1,1% и 1,4%, на месечно ниво, и 10,0% и 13,8%, на годишно ниво, соодветно. Автомобилските кредити и натаму бележат месечен и годишен пад од 1,3% и 8,6%, соодветно.

Кредитите одобрени на кредитни картички и негативните салда на тековните сметки на месечно ниво се зголемени за 0,2% и 1,3%, соодветно, додека на годишна основа остварија пад од 4,2% и 9,4%, соодветно. Кредитите одобрени врз други основи, овој месец, бележат месечен и годишен пад од 0,2% и 6,4%, соодветно“, соопшти Народната банка.

Сепак, и покрај континуираното задолжување забележително дека дел од граѓаните продолжија да штедат.

Вкупните депозити на домаќинствата, во јуни, се зголемија за 0,8% на месечно ниво, главно како резултат на растот на депозитните пари, како и на краткорочните и долгорочните депозити во странска валута, при пад на долгорочните и краткорочните депозити во денари.

Анализирано на годишно ниво, депозитите на домаќинствата се зголемени за 8,7%, пред сè поради повисоките депозитни пари, како и краткорочните депозити во странска валута.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Скопјани пријавија 349 осигурани штети од силното невреме: Имотот на „Ист Гејт Мол“ осигуран со франшиза од 100.000 евра

Редакција

Водостопанство вработува 13 лица, плата до 19.000 денари

Редакција

(АУДИО) Сите осум разговори кои денеска ги објави италијанскиот весник Ла Верита

Редакција