Директорот на Клиниката за кардиохирургија, Марјан Шокаровски, кој беше разрешен пред неколку дена од страна на министерот за здравство во заминување, Илир Демири, денеска на прес-конференција посочи дека неговото разрешување е незаконско, бидејќи во мандатот на техничката влада не може ниту да се именуваат, ниту да се разрешуваат раководители.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Поради зголемена смртност на Кардиохирургија разрешен директорот Шокаровски
Тој ги повика сите релевантните институции итно да реагираат.
-Дополнително министерот Демири ги прекина договорите на координаторот за срцева трансплантација при министерството, госпоѓата Андријана Ѓоргиев. Оттука се наметнува нашето прашање дали се наметнува оркестриран напад против државната Кардиохирургија, а со тоа и напад на јавното здравство, рече тој.
Тој е дециден дека не се зголемила смртноста на Клиниката откако тој ја предводи.
– Прецизната статистичка анализа покажува дека нема значајно зголемување на смртноста, туку зголемување на тежината на комплексноста на пациентите за околу 20%.
Постои тренд на намалување на смртноста. Последните пет месеци покажуваат дека смртноста е пониска од предвидената, односно од параметарот „Евроскор 2“, односно подобри сме од она што се очекува, рече тој.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Каков имот пријавил Марјан Шокаровски, директорот на Кадриохирургија, кој е разрешен