еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Неколку македонски медиуми не го испочитуваа безбедносниот протокол за известување од погребот на загинатите во Кочани

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) денеска потсети дека известувањето од денешниот погреб мора да биде во согласност со претходно утврдениот протокол и со основните принципи на професионалната етика.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Посебен безбедносен протокол за денешните погреби на загинатите во пожарот во Кочани

-Објавувањето на фотографии и видеа со гробни места, блиски членови на семејствата и приватни моменти претставува директно кршење на препораките за етичко известување и нарушување на достоинството на засегнатите лица.

Ги повикуваме оние неколку медиумски работници и редакции кои отстапуваат од протоколот, да покажат почит и одговорност, да не објавуваат содржини што можат да предизвикаат дополнителна болка и да се придржуваат кон стандардите на етичко новинарство.

Новинарството е во служба на јавниот интерес, но никогаш на сметка на човечкото достоинство, велат од ЗНМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Владата ги повика медиумите кои емитувале видео и фото материјали од погребот на загинатите во Кочани да ги отстранат и да не ги шират

Неетичко известување од регионални медиуми и странски дописници за погребот на загинатите во Кочани

Порталите од здружението Онлајнмедиа нема да ги снимаат и фотографираат испраќањата на загинатите во кочанската трагедија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од 21 мај директни летови од Скопје до Москва

Редакција

Петмина полицајци претепани од дрвокрадци, едниот со потешки повреди

Редакција

Со ќебе и вода медицинскиот персонал во тетовската модуларна болница се обидел да го изгасне пожарот

Редакција