еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Нема закана од Русија, загрижуваат тензиите во Косово и Босна: Состанок на лидерите на НАТО сојузници од регионот во Скопје

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денеска во Скопје изјави дека во однос на безбедносната состојба на регионот не гледа закана за некој од сојузниците на НАТО, но има зголемувањето на тензиите, особено во Косово.

„Гледаме и дека има тензии кои се јавуваат во Босна и Херцеговина, но не гледаме директна воена закана за која било од земјите во регионот.

Да, загрижени сме за развојот на настаните кои одат секој во своја насока во одредени држави во овој регион, но треба да се препознае силата и важноста на НАТО алијансата, која е присутна веќе долги години во овој регион,“ изјави Столтенберг на заедничката прес-конференција по неформалниот состанок на лидерите на НАТО сојузници од регионот.

Тој потенцираше дека НАТО во Косово го зголеми присуството со околу 1.000 дополнителни трупи и со потешко вооружување, поради претпазливост и заради поголема стабилност на соседството, нагласувајќи оти дијалогот меѓу Белград и Приштина е суштински за нивниот мир и просперитет.

„Ќе го разгледам предлогот од премиерот на Албанија, Еди Рама, да се зголеми бројот на силите на НАТО во Косово и на неопходноста да се гарантира границата меѓу Косово и Србија, поддржан од претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ,“ додаде тој.

Прашан за изјавата на украинскиот претседател Володимир Зеленски, дека Русија има план за воена дестабилизација на Балканот, Столтенберг изјави дека НАТО не гледа никаква воена закана од Русија, но внимателно следат што прави.

Тој подвлече дека „авторитарните држави како Русија го загрозуваат нашиот демократски интегритет со кибер закани.“

Освен Рама и Милановиќ, на неформалниот состанок беше и црногорскиот премиер Милојко Спајиќ.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Tројца мртви во напад во трамвај во Утрехт, Холандија, осомничен Турчин

Редакција

Нинџа осуден на уште шест месеци затвор, призна вина дека помогнал во бегството на началниците на УБК, Грујовски и Бошковски

Редакција

Левица бара оставка, ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе кривична за Џафери, оти во Европскиот парламент се обрати на албански

Редакција