еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Нема законска можност општините да ја финансираат Албанската академија, вели Перински

Министерот за локална самоуправа Златко Перински коментирајќи ги најавите на четирите општини Тетово, Гостивар, Желино и Чаир дека ќе го финансираат работењето на здружението Албанска академија на науките и уметностите, вели дека нема законска можност за такво нешто.

„Во суштина тоа е строго опишано во Законот за локална смаоуправа во членот 11, кој вели дека приходите на локалните самоуправи треба да се трошат исклучиво за надлежностите кои се утврдени согласно Законот што во превод значи дека Законот сака да каже дека сите средства што општината ги колектира по било кој основ, ги распределува преку усвојување на одлуки и буџети на седница на Совет и треба да бидат исклучиво насочени за спроведување и реализација на основните законски надлежности на самата локална самоуправа.

Во тие надлежности, Албанска академија на науките и уметностите не стои. Општината има можност да финансира здруженија и невладини организации, но и тие здруженија и невладини организации треба на некој начин да ги спроведуваат основните надлежности за кои таа локална самоуправа постои што значи дека ако точно се чита законот, законска можност за вакво нешто нема,“ изјави Перински во интервју за државната агенција МИА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Градоначалниците на Тетово, Гостивар, Желино и Чаир ќе ја финансираат Албанската академија

Фото: Министерство за локална самоуправа

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од неколку лица физички напaднат градоначалникот на Арачиново

Редакција

Нови 884 случаи со Ковид-19, оздравени 745 болни, четворица починати

Редакција

Нови ковид-протоколи за македонските граѓани за влез во Германија и Шпанија

Редакција