Од македонското Министерство за внатрешни работи информираа дека е нормализиран сообраќајот на грчкиот граничен премин Евзони, откако имало краток „пад“ на компјутерскиот систем.
Исто така како што велат од таму, нормално се одвива и сообраќајот на македонскиот граничен премин Богородица.
Поради „пад“ на компјутерскиот систем на Евзони, денеска се создаде колона од возила за влез и излез од Грција, но и на македонскиот граничен премин Дојран.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) Поради „пад“ на системот на Евзони, колони возила на ГП Дојран
“Падна“ системот на Евзони, колони за влез и излез од Грција
Фото: Игор Бансколиев
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.