еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Обединетите нации ја повикаа Бугарија да ги заштити правата на Македонците

Во новиот извештај на Комитетот за елиминација на расна дискриминација при Канцеларијата за човекови права на Обединетите нации (ОН) е изразена загриженост поради извештаите дека на членовите на македонските малцински групи во Бугарија им е забрането правото на собир и здружување, пренесе Гласот на Америка на македонски јазик.

„Комитетот го зема предвид објаснувањето дадено од делегацијата на државата членка дека сите нејзини граѓани имаат право на самоидентификација, вклучително и Македонците и Помаците.

Сепак, Комитетот е загрижен поради извештаите дека на членовите на македонските малцински групи им е забрането слободното остварување на правото на слобода на собирање и слобода на здружување“, се вели во забелешките за Бугарија.

Извештајот нотира дека „Комитетот изразува жалење за постојаните пречки и напорните барања за регистрација на граѓански организации и пријавеното одбивање на регистрација на македонските здруженија од страна на Агенцијата за регистрација и од судовите, врз основа на нивната македонска самоидентификација“.

Лани Комитетот на министри на Советот на Европа ги повика бугарските власти да ги почитуваат 14. пресуди на Европскиот суд за човекови права и да дозволат регистрација на здруженија чија цел е признавање на македонското малцинство во Бугарија.

„Комитетот препорачува државата членка да ги разгледа сите можни средства за гарантирање на ефективно уживање на човековите права од страна на лицата кои припаѓаат на етничките малцинства, вклучително и македонските и помачките малцински групи, вклучително и преку спроведување на релевантните пресуди на Европскиот суд за човекови права, релевантни на правото на слобода на изразување и слобода на здружување“, стои во најновиот извештај.

Комитетот ја повика Бугарија да ги елиминира сите бариери за регистрација на малцинските здруженија и да преземе мерки за поттикнување на нивните активности и соработка со нив.

Официјалната позиција на Бугарија е дека не постои македонско малцинство на нејзина територија, а со посебна декларација во Европската Унија изјави дека не го признава македонскиот јазик, пишува Гласот на Америка.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 119 случаи на Ковид-19 од 2.065 тестирања, половината од Скопје

Редакција

Заев откако ќе ја слушнал новата „бомба“ за Рашковски ќе одлучел дали ќе бара оставка од него

Редакција

Не е проблем епитетот фашисти, Бугарија бара многу повеќе

Редакција