еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Функционерите на ВМРО-ДПМНЕ ќе користат „Северна“ само кога тоа го налага законот

Од ВМРО-ДПМНЕ, која се очекува да формира нова македонска влада ќе продолжат да користат само Македонија, а уставното име ќе го користат исклучиво кога тоа го налага законот, вели потпретседателот на партијата, Владо Мисајловски, во интервју за „360 степени“ на МРТ 1.

Тоа ќе го прават и идните министри, градоначалниците, како и македонската претседателка Гордана Силјановска Давкова, која според него при заклетвата не го прекршила Уставот со неупотребата на уставното име на државата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Претседателката има право да го употребува името Македонија, како чин на лично право на самоопределување и самоидентификација, велат од Кабинетот на Давкова

„Во комуникацијата можете да си употребувате Македонија, јас не гледам пречки, мислам дека тоа е исправно, но од другата страна, кога грчките политичари кажуваат Македонија и нема реакција од македонкото МНР, тука има двојни аршини.

Ако зборуваме за почитување на Договорот од Преспа, една минорна работа ќе спомнам, една од обврските на Грција е да ги смени таблите, а сте виделе дека останале Евзони и Скопје.

Половина милион граѓани го очекуваа и дадоа поддршка за ова. Ние не сме се промениле, постојано велевме дека овој договор е штетен и истото го зборувавме за францускиот предлог, кога многу мислеа дека веднаш ВМРО-ДПМНЕ во првите сто дена ќе го смени Уставот.

Не е точно, апсолутно не е така, останавме доследни на она што го зборувавме во кампањата“, рече тој.

На прашањето што ако тоа значи ново вето од Грција, одговара дека не го очекува тоа.

“Не мислам дека би имало ново вето поради ова. Баш намерно спомнувам дека и грчките политичари го употребуваат терминот Македонија. Многу пати кога имаат јавни настани, ако ги забележите, постојано велат Македонија и одговорот треба од нив да стигне.

Но, никој во нашата земја не може да ни забрани името Македонија да го користиме. Јас во Собрание ова постојано го користам, претседател сум на Комисијата за транспорт, секој ден работам согласно закон.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Која е Гордана Силјановска Давкова, првата македонска претседателка

Не е забрането јавно да се користи Македонија и јас често велам само Македонија, вели Таравари

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ: Пиксел груп добила 203 илјади евра државна помош, еден ден откако Ковачевски станал мандатар

Редакција

Двајца лекари и три медицински сестри од струмичката болница позитивни на Ковид-19

Редакција

Украден кабел од влечен мотор на локомотива, истата повеќе не е во возна состојба

Редакција