еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Од 116 вонредни надзори на угостителски објекти, кај 90 утврдени одредени неправилности

Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) извршил 116 вонредни надзори врз основа на Законот за угостителска дејност, информираше денеска портпаролот на Владата, Марија Митевска.

Било констатирано дека решенија за привремена забрана се изречени на 10 правни субјекти (кафичи/клубови) по закон за угостителска дејност (ова се однесува во делот на прекрошна санкција).

Утврдено е дека 15 правни субјекти (од вкупно 23) кои имаат активна лиценца не исполнуваат минимални технички услови и кај нив ќе бидат изречени две мерки: решение за забрана на вршење на дејност и предлог до Министерството за економија за одземање на лиценца.

Кај 6 правни субјекти кои немаат активна лиценца или им е истечена, а е утврдено дека изминатиот период функционирале, издадени се решенија за забрана на вршење на дејност.

Издадени се 59 прекршочни платни налози во износ од 522.690 денари и по други основи од Законот за угостителска дејност (тие други основи се однесуваат на непочитување на нормативи заверени кај грагоначалник, одобренија за тераси, не истакнат број на ДПИ. итн..)

Денови ќе започнат инспекциски надзори во објекти за организирање на прослави и настани за утврдување на минимално техничките услови и категоризација на ресторани, како и за другите одредби од Законот за угостителска дејност.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Дурмо турс“ пак работела нерегуларно: Утврдени неправилности кај 21 превозник на патници и стока

Список на ноќни клубови низ Македонија кои поседуваат лиценца

97 градежни лиценци од проверени 643 ќе бидат одземени

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Приведени двајца млади скопјани кои со возило удриле полицаец и побегнале

Редакција

„Окта“ ќе исплати дивиденда во бруто износ од 146 денари по акција

Редакција

Билјана Јовановска назначена за в.д. директор на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување

Редакција