Спецјализираниот сајт за авијација Exyuaviation објави дека од 29. ноември грчката авиокомпанија „Ејџијан ерлајнс“ нема повеќе да лета на линијата Скопје-Сараево.
Сајтот објави дека продажбата на билети за оваа линија за сезоната следната година е веќе прекината и дека грчката компанија, која неодамна ги намали и летовите на релацијата Скопје-Атина, не ја коментирала оваа одлука.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Линијата Скопје-Сараево беше воведена после 13 години прекин на оваа релација пред нешто повеќе од една година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) Воспоставена авиолинијата Скопје-Сараево: ТАВ и Aegean прославија со своите патници
„Ејџијан ерлајнс“ првично планираше да лета на оваа релација три пати неделно во ноември и декември и двапати неделно од јануари.
Потоа планираше летови до 7. декември, со ограничена работа за време на празничниот период од крајот на декември до почетокот на јануари, пишува сајтот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Грчката “Ејџијан„ нема да лета од Скопје до Крф, ги намали и летовите до Атина
Авионската линија Скопје-Крф е откажана од комерцијални, а не од полтички причини