Министерот за надворешни работи Бујар Османи, го демантираше министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, дека македонските граѓани може да патуваат низ земјите-членки на Европската Унија (ЕУ) со пасоши со старото име.
Тој ја оцени изјавата на Тошковски како „погрешна интерпретација“.
Османи вели дека Европската комисија не носи такви одлуки, односно дека секоја држава членка на ЕУ носи своја суверена одлука.
„Тоа е лошо интерпретирање, ставот на Европската комисија е дека Комисијата не носи одлука која важи за целата Европска Унија, туку тоа е суверено прашање на секоја од државите. Секоја од државите носи одлука сама за себе“, изјави Османи.
Османи вели дека повеќето од државите засега дозволуваат движење и со стариот пасош, доколку е валиден, а особено нема пречки за враќање во Македонија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фото: Влада