Осум дена во Германија е исчезната 25-годишната Наташа Соврановски, по потекло од Македонија.
Таа сo нејзиното семејство живее таму, а последен пат е видена на 2. септември.
Нејзиниот семејство преку социјалните мрежи апелира за помош, а ако некој има информации, да пријави на +49 1573 4580153 или директно да ја контактира полицијата.
Исчезнала во Завелштајн.
Висока е 180 сантиметри, има темно кафеава коса и кафеави очи, а има и тетоважа на подлактицата.
На себе носела црна маица и црни панталони со странични џебови и црни „Најк“ патики.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.