еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Палевски останува уште 30 дена во притвор

Љупчо Палевски Палчо, првоосомничениот за убиството и киднапирањето на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и на 74-годишниот Панче Жежовски од Велес доби уште 30 дена притвор, информираа од Основниот кривичен суд Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Палески спроведен во суд, вели дека не сторил убиства и дека има докази

-Ја информираме јавноста дека осомничениот за двојното убиство во Скопје и Велес од ноември минатата година, Љ.П., кој на 15.05.2024 година беше екстрадиран од Р.Турција, по наредба на судија на претходна постапка денска беше спроведен во Основниот кривичен суд Скопје за да се произнесе во однос на мерката притвор определна во негово отсуство, а по предлог на Основното јавно обвинителство – Скопје.

По признесување на осомничениот во присуство на неговиот бранител, поставен по службена должност, судија на претходна постапка донесе решение со кое на осомничениот му се определува мерка притвор во траење од 30 дена која започнува со нејзино реализирање од денот на неговиот прием во Истражниот затвор Скопје, а заради постоење на околностите од чл. 165 ст. 1 точка 1,2 и 3 односно постојат околности дека може да се даде во бегство, може да ја попречи кривичната постапка со влијание врз сведоците, и околности кои упатуваат дека ќе го доврши или повтори кривичното дело.

Против ова решение странките имаат право на жалба пред Кривичниот совет на овој суд, велат од Судот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во куферот на Палевски со кој влезе во Шутка имало евра, лири и телевизор

До каде е истрагата за Палевски?

(Видео) Како беше донесен Палевски во Шутка

Фото: Фејсбук/Палевски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Колапс на црногорската енергетска мрежа остави без струја половина Балкан

Редакција

МВР склучи договор со “Ассеко сее“ вреден 1,3 милион евра

Редакција

Објавени телефонски броеви за донирање за лекување на малата Теодосија, која се бори со рак на бубрезите

Редакција